Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филмска брканица на автопатот кон Скопје: Со „мерцедес“ удрил во дрво и побегнал, во возилото пронајдени 12 мигранти

    Филмска брканица на автопатот кон Скопје: Со „мерцедес“ удрил во дрво и побегнал, во возилото пронајдени 12 мигранти

    18.06.2026 во 16:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дванаесет мигранти се пронајдени во патничко возило „мерцедес“, откако возачот претходно одбил да застане на полициски знак, предизвикал сообраќајна несреќа и побегнал во непознат правец.

    Случајот во СВР Скопје бил пријавен вчера, на 17.06.2026 година околу 19:47 часот, кога било соопштено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи сомнително возило со регистарски таблички кои припаѓале на друг автомобил.

    Откако возачот не застанал на знакот за запирање издаден од полицијата, на клучката кај Миладиновци свртел назад и продолжил да се движи по земјен пат во селото Блаце, општина Петровец.

    Бегајќи од полицијата, возачот изгубил контрола и со возилото удрил во дрво, по што веднаш излегол и го напуштил местото на настанот.

    Полициските службеници по пребарување на теренот го пронашле оставеното возило, во кое биле затекнати 12 мигранти. Меѓу нив, пет лица биле со потекло од Египет, додека останатите седум биле од Турција.

    Мигрантите веднаш се обезбедени и во тек е нивно сместување во транзитниот центар Табановце.

    Од Министерството за внатрешни во работи информираат дека во моментов се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.