Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Земјоделството е пред колапс, Владата нема мерки, а ни се заканува нов скок на цената на лебот

    05.04.2026 во 14:26

    Филипче: Мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект, граѓаните ќе ја платат цената

    05.04.2026 во 13:27

    Црн полициски билтен: Три жени во Скопје жртви на партнерско насилство, во Штип син тешко го претепал татко си

    05.04.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Земјоделството е пред колапс, Владата нема мерки, а ни се заканува нов скок на цената на лебот
    • Филипче: Мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект, граѓаните ќе ја платат цената
    • Црн полициски билтен: Три жени во Скопје жртви на партнерско насилство, во Штип син тешко го претепал татко си
    • Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема потреба од рестрикции и покрај притисокот од соседството
    • Владата донесе вонредни мерки: Пониски акцизи и замрзнато ДДВ за да се спречи ценовен шок кај горивата
    • Временска прогноза за следната седмица: Топло до среда, викендот носи дожд и силен ветер
    • Утре протест во Скопје со барање за полагање на правосудниот испит на албански јазик
    • Пијана ноќ во Тиквешијата: Едниот возел без дозвола со 1.88 промили, друг се пресметувал со полицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Земјоделството е пред колапс, Владата нема мерки, а ни се заканува нов скок на цената на лебот

    Филипче: Земјоделството е пред колапс, Владата нема мерки, а ни се заканува нов скок на цената на лебот

    05.04.2026 во 14:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонското земјоделство се наоѓа пред целосен колапс, а Владата досега нема донесено ниту една антикризна мерка за помош на овој клучен сектор. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за време на денешната средба со земјоделците во неготинското село Криволак.

    Филипче предупреди дека драстичното зголемување на цените на нафтата директно предизвикало скок на цените на вештачките ѓубрива и на сите останати производни трошоци. Според него, ова сериозно ја доведува во прашање егзистенцијата на земјоделските семејства и одржливоста на домашното производство.

    „Ситуацијата е навистина алармантна. Поради негрижата на власта за овој сектор мора да знаеме дека може да се соочиме со сериозен недостаток на производство на одредени земјоделски култури, посебно житарици. Тоа значи дека во следниот период може да се соочуваме со дополнителен раст и на цената на лебот до крајот на годината“, потенцираше Филипче.

    Лидерот на опозицијата се осврна и на специфичните проблеми со кои се соочуваат лозарите и сточарите, посочувајќи на ниските субвенции и неисплатливите откупни цени. Тој нагласи дека во моментов нема никаква најава за откуп на црните сорти грозје, додека сточарите се соочуваат со неисплатени субвенции во услови на високи трошоци за работна рака и вода.

    За надминување на состојбите, Филипче најави институционална битка преку Собранието.

    „Имајќи ги предвид нивните барања ќе предложиме неколку предлог закони, како што тоа го направивме лани, што за жал власта ги одби, а тоа беше за зголемена откупна цена по килограм грозје“, заклучи претседателот на СДСМ.

    Популарно

    Филипче: Земјоделството е пред колапс, Владата нема мерки, а ни се заканува нов скок на цената на лебот

    05.04.2026 во 14:26

    Филипче: Мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект, граѓаните ќе ја платат цената

    05.04.2026 во 13:27

    Црн полициски билтен: Три жени во Скопје жртви на партнерско насилство, во Штип син тешко го претепал татко си

    05.04.2026 во 13:11

    Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема потреба од рестрикции и покрај притисокот од соседството

    05.04.2026 во 13:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.