Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одбележани 15 години мировно образование: Државниот секретар Ивановска порача дека мирот е избор и има највисока вредност
    • (ФОТО) Здравствено досие на интернет за секој граѓанин: Пациентите добиваат директен пристап до податоците преку „Мое здравје“
    • На 74 години се качил на врвот на Шар Планина и починал
    • МВР со детали за тепачката на скопскиот аеродром – познат идентитетот на лицата
    • Хорор утро за вработен на бензинска пумпа во Гази Баба
    • Пукање во Арачиново
    • Се огласија од ОЈО за ГОКК за денешната акција: Во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации во Македонија
    • Божиновска: Ако цените на горивата продолжат да растат ќе преземаме нови мерки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Техничката влада е црвената линија – нема лидерска средба за да му служиме како покритие на Мицкоски

    Филипче: Техничката влада е црвената линија – нема лидерска средба за да му служиме како покритие на Мицкоски

    09.01.2026 во 12:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска категорично ја отфрли можноста за укинување на техничката влада, оценувајќи ја како единствена пречка за воспоставување на авторитарен режим. Тој објасни дека власта на Христијан Мицкоски не сака техничка влада не поради ефикасност, туку поради страв од контрола.

    Образложувајќи зошто СДСМ нема да оди на лидерска средба, Филипче беше дециден дека техничката влада е црвена линија:

    „Нема средба за техничката влада и таа мора да остане. Затоа што таа е последната линија на одбрана од целосно заробување и злоупотреба на најважното, а тоа е слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес. Јасно е дека Мицкоски е во тесно, му се брза, се бара алиби за распишување избори. Не му треба дијалог, туку покритие“, рече Филипче.

    Според него, клучниот проблем за власта е моментот кога опозициски министер ќе влезе во институциите, особено во МВР:

    „Тие не ја сакаат техничката влада, затоа што кога ќе влезе министерот од опозиција, ќе има увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем кој што е сега поставен. Со оглед на тоа дека ние и нашиот антикорупциски тим веќе почнавме со објавување на аферите… може само да претпоставите што се се крие по институциите. И затоа не сакаат техничка влада, затоа што тоа за оваа власт ќе значи отворање на Пандорината кутија“, рече првиот човек на СДСМ.

    Филипче предупреди дека во услови на масовен дигитален надзор преку „Safe City“ и партизација на полицијата, техничката влада добива нова димензија:

    „Затоа што тоа не е веќе само техничко тело за спроведување избори, туку институционално вето против воспоставување на авторитарен режим во кој функциите се над законот, а граѓаните се под постојан надзор и закана“, рече тој.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, а е против дата центри, рудници и нови работни места

    21.09.2026 во 12:13

    ВРЕДИ до Ахмети: Пресудите не се пишуваат во партиско седиште

    21.09.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.