Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Тажен старт на учебната година

    Филипче: Тажен старт на учебната година

    01.09.2026 во 13:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија ја почнува новата учебна година со поразителни бројки – 3.000 првачиња помалку, 433 паралелки помалку и 26 затворени училишта, најтажен почеток на школска година во државата – истакна денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и порача дека празните училници се еден од најсилните показатели за последиците од политиките на актуелната власт.

    – Денеска почнува новата школска година и би рекол дека потажен почеток на школска година досега оваа држава немала. Имено, 3.000 деца помалку запишани во прво одделение, 433 паралелки помалку, 26 затворени училишта. Нема поголем и подобар показател за лошите политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски од оваа бројка – рече Филипче.

    Тој посочи дека минатата година во прво одделение биле запишани 17.900 деца, а оваа година 14.900.

    – Овие 3.000 деца помалк, значат 3.000 семејства. Што се случило со тие луѓе? Сигурно не е тоа резултат само на демографските движења, тие луѓе, едноставно, се иселиле. Зошто? Затоа што не ја гледаат иднината во земјата. Гледаат дека нема мерки, дека ништо не се случува, дека нема напредок, дека нема добри економски политики, дека нема поддршка за граѓаните, особено за младите брачни парови и нормално луѓето си ја гледаат и иднината надвор од земјата – посочи Филипче.

    Нагласи дека ваквата состојба е последица и на сè потешкиот животен стандард, растот на трошоците, отсуството на мерки за поддршка на граѓаните и изолацијата на земјата поради криминалните политики на власта.

    – Укажувавме повеќепати за лошите политики на оваа Влада, за жал никаква повратна реакција, никаков интерес. Зголемени горива за повеќе од 20 отсто од почетокот на кризата. Никаква мерка за ниту една категорија на граѓани. Оваа власт во неколку наврати го одбиваше нашиот предлог за зголемување на минималната плата- рече Филипче.

    Тој најави дека СДСМ повторно во Собранието ќе го поднесе законот со кој минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, со субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата од зголемувањето

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.