Close Menu
    Најново

    Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава

    30.12.2025 во 19:46

    Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица

    30.12.2025 во 19:33

    ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија

    30.12.2025 во 19:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица
    • ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија
    • Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче од Кочани: Човечноста е темел на социјалдемократијата, највисоко политичко достигнување

    Филипче од Кочани: Човечноста е темел на социјалдемократијата, највисоко политичко достигнување

    13.10.2025 во 22:00
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, упати порака дека човечноста е основата врз која се гради праведно и солидарно општество.

    „За она што искрено жалам е што се изгуби шанса да покажеме дека барем кога е најтешко знаеме да бидеме луѓе пред сè. И не беше потребна голема храброст за тоа, беше потребна само емпатија. Малку достоинство. Малку почит”, порача д-р Филипче.

    Филипче потсети дека човечноста е сржта на социјалдемократската идеологија и вистинската вредност за напредно општество,  потврдувајќи ја определбата на СДСМ за политика што започнува и завршува со човекот, со достоинство, емпатија и заедништво како највисоки општествени идеали.

    „Вредност што е темелот на социјалдемократијата. Вредност што е основа за солидарноста – како највисоко политичко достигнување”, додаде тој. 

    Лидерот на СДСМ се осврна и на значењето на слоганот „Се бориме за нашиот дом“, објаснувајќи дека домот не е само место, туку заеднички систем на вредности што ја одржува заедницата силна и сплотена. 

    „Нашиот слоган е ‘Се бориме за нашиот дом’. Затоа што домот не се само улиците, маалата и општините. Нашиот дом се нашите вредности, нашите односи, нашата грижа едни за други. Нашиот дом се сите пораки и политики што ги градат идните генерации, што им ги пренесуваме на нашите деца. Нашиот дом е толеранцијата, разбирањето и соработката – кои се темелни вредности на општеството”, порача д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која се одржа вечерва во Кочани.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.