Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Ние ги штитевме граѓаните во кризите – ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

    Филипче: Ние ги штитевме граѓаните во кризите – ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

    03.10.2025 во 20:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Струга, истакна дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои во услови и кога нема никаква криза не преземаат никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните, СДСМ за седум години покажа што значи вистинска грижа за секој граѓанин и за приватниот сектор.

    „СДСМ имаше седум години власт во кои што скоро секоја година беше некоја криза. Беше Ковид криза, беше енергетската криза, економска криза. И во сите кризи покажавме со конкретни дела, со конретни чекори како се штитат граѓаните. Платите и во такви кризи растеа“, рече Филипче. 

    Тој потсети дека СДСМ со девет антикризни пакети ги заштити граѓаните, им помогна на компаниите да бидат ликвидни.

    „Имавме девет пакети антикризни мерки во износ од 2,6 милијарди евра. Се спасија 80.000 работни места во 20.000 компании. Над 660.000 семејства беа заштитени со поддршката во плаќањето на сметката за струја. Тие семејства не го почуствуваа ценовниот шок“, рече Филипче.

    Во обраќањето Филипче додаде дека со СДСМ како Влада, за првпат, три пати се зголеми минималната плата, а паралелно растеше и просечната плата. Во мерките, како што кажа, не беа изоставени ниту пензионерите.

    „За првпат во историјата, ја зголемивме и направивме Методологијата за постојан раст на минималната плата, која три пати се зголеми и достигна 22.500 денари. Ветивме просечна плата од 500 евра, но тоа значително се надмина.  За нашите пензионери кои ја изградија државата, да имаат достоинствен живот, обезбедивме примања и ги зголемивме пензиите за 55%“, посочи Филипче. 

    За разлика од СДСМ, како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за година и пол ја доведе економијата до колапс и не употреби ниту еден механизам за да ги заштити граѓаните од ценовните шокови.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.