Close Menu
Press24
    Најново

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20

    Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање

    29.10.2026 во 08:18

    Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера

    29.10.2026 во 08:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Нема разлика меѓу Груевски и Мицкоски, иста организирана криминална група

    Филипче: Нема разлика меѓу Груевски и Мицкоски, иста организирана криминална група

    25.04.2026 во 10:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Трилинг“ на 24 телевизија рече дека не постои разлика меѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

    „Истото со што сега се соочуваме, истата парадигма којашто тогаш ВМРО-ДПМНЕ ја користеше, ја имплементираше во раководењето на државата под раководство на Никола Груевски, сега практично го прави Христијан Мицковски. Нема разлика, тоа е иста организирана криминална група. Луѓе кои што го зграпчија државниот буџет, излажаа дека ќе се борат за националните интереси, дека ќе го вратат името, дека ќе ја подобрат преговарачката рамка, дека ќе го поништат договорот за добрососедство со Бугарија, а што направија буквално ништо“, потенцираше Филипче.
    Претседателот Филипче додаде дека ваквиот пристап се манифестира и преку управувањето со јавните финансии.

    „Го зграбија буџетот и го користат само за да ги пљачкаат народните пари преку тендери на свои компании блиски до ВМРО ДПМНЕ“, рече Филипче.
    Осврнувајќи се и на правосудниот систем, Филипче нагласи дека, станува збор за ист модел на контрола како во минатото.
    „Овој систем, како што вака го контролира премиерот некој, кој било граѓанин како да очекува, правда и неселективност. Како може овој систем наш во којшто премиерот на телевизија кажува кои обвинители и судии се добри, кои не се добри, ги нарекува медиокритети, преку свои чувства дава насоки и прави притисок на правосудните органи, прави притисок врз опозицијата. Ова се автократски манири на владеење. Па сите се сеќавате на тефтерчето од времето на Груевски. Ист е системот. Тие судии и обвинители се поставуваат сега на позиција. Со ваков став и пристап, како на Христијан Мицкоски, идентична копија на пристапот на Никола Груевски. Свои судии, свои обвинител, најави за судски процеси, заплашување преку медиуми, јавна дискредитација на луѓе коишто работат во правосудниот систем, а има чесни луѓе таму, има добри професионалци. Како тие се чувствуваат кога заради индивидуални безобразлуци, целата фела нема доверба. Така што, само со реформа на системот, реформа на умот и пристапот на луѓето на врвот на пирамидата на власта, којашто треба да се тргнат од независната власт судска, нас може да нè биде“, заклучи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.