Close Menu
    Најново

    (ФОТО) Почина актерот од серијата „Сулејман Величествениот“

    16.10.2025 во 22:56

    Магнети за пари: Овие хороскопски знаци се родени да се збогатат

    16.10.2025 во 22:39

    Универзумот им отвора врати: Три знаци влегуваат во фаза во која соништата се претвораат во реалност

    16.10.2025 во 22:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ФОТО) Почина актерот од серијата „Сулејман Величествениот“
    • Магнети за пари: Овие хороскопски знаци се родени да се збогатат
    • Универзумот им отвора врати: Три знаци влегуваат во фаза во која соништата се претвораат во реалност
    • Филипче: Народот брои денови до плата
    • Меџити: Ја прифатив улогата на слуга на народот
    • Хорор го потресе светот: Манекенка избодена 24 пати
    • Мицкоски за противниците: Голтари влегоа во политика, милионери излегоа
    • Жестока закана на Трамп: Ако Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, ќе влеземе и ќе ги убиеме
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: Народот брои денови до плата

    Филипче: Народот брои денови до плата

    16.10.2025 во 22:09
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Граѓаните пред 4 години поверуваа во лажниот маркетинг за подобар живот. Очекуваа подобар живот, а добија влада што живее во луксуз и во лажен маркетинг, далеку од народот. “, рече вечерва од Чучер Сандево претседателот на СДСМ Венко Филипче.

    Тој на граѓанската трибина „Се боиме за нашиот дом“ рече дека наместо граѓаните да имаат повисоки плати и повеќе удобности тие бројат денови до следната плата.

    „Пензионерите ги излажаа со формули и ветувања, работниците ги оставија без покачувања на платите, земјоделците без поддршка. Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат. Секој ден е потежок од претходниот. И додека народот брои денови до следната плата, тие се расфрлаат со државни пари, летаат со приватни авиони и купуваат вина по институции. Ова не е визија ова е небрежност и неодговорност.“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ пред граѓаните зборуваше и за така наречените економски „успеси“ на власта кои граѓаните во реалноста ниту ги гледаат, ниту ги чувствуваат. Но се осврна и на економската состојба за која рече дека е сериозно загрижувачка.

    „Го слушате премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за некакви си економски „успеси“, мислејќи дека граѓаните не ја чувствуваат и не ја гледаат реалноста. Буџетот на државата е загрижувачки, приходите се реализирани само 70,78% од планираното, а расходите веќе достигнаа 72,82%. Ова значи дека до крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра, што значи повторно задолжување, нови оптоварувања за граѓаните или кратење на јавни услуги. Капиталните инвестиции се историско најниска реализација од и ова ќе биде повторно изгубена година за проекти кои требаше да создаваат работни места и економски раст. Јавниот загрижувачки долг расте, веќе достигна 62,9% од БДП, и во последните 14 месеци државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра. А меѓу овие задолжувања се и 950 милиони евра коишто треба да се земат“, истакна Филипче.

    Филипче реалноста на граѓаните ја нарече безидејна благодарение на неспособноста на Мицкоски и неговата влада.

    „По тоа и ќе остане запаметен неговиот мандат, по заеми, високи цени, ниски плати, пензии и студентски оброк. Владата се фали со бројки и ПР, но реалниот живот за семејствата и бизнисите е поинаков“, рече Филипче во Чучер Сандево.

    Филипче на трибината рече дека пензионерите се најголемата жртва на лагите на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и земјоделците, лозарите, работниците.

    „Предизборно ја направија најголемата измама. Ќе растеле платите, пензиите, ќе го врателе името, ќе репреговарале за подобри позиции во Преговарачката рамка. Ветија гордост и достоинственост, а донесоа беда, сиромаштија и ја вратија режимската матрица. Пензионерите се најголема жртва на ВМРО-ДПМНЕ. И тие како и работниците, земјоделците, лозарите се измамени. Овој месец на сметките им легна покачување од само 1000 денари, што значи дека дури 90% од сите пензионери не добија 2000 кои што требаше да ги добијат со нашиот систем на пресметка. Е тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија на манипулатори и ПР трикови. Земјоделците ги оставија без навремени субвенции, ги скратија субвенциите, каснат со исплати, откупните цени се ниски. Фирмите чекаат поврат на ДДВ, пари кои државата мора да им ги врати. Ова не е грижа за народот. Ова е приватизација на државата“, рече Филипче.

    Популарно

    ФОТО: Последно збогум за Панчо во црквата во скопски Аеродром

    16.10.2025 во 13:40

    Родителите на загинатите во „Пулс“ ја менуваат стратегијата

    16.10.2025 во 13:34

    Пронајден во дупка, со скршени нозе и тешки повреди на главата – претепан тетовец

    16.10.2025 во 14:29

    Фудбалерот на Шкендија му се закани на градоначалникот Дехари: Ми го навредуваш семејството – нема да седиме со скрстени раце

    16.10.2025 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.