Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Граната најдена во двор во Битола
    • Измама во Македонија: Дал 3.000 евра аванс, па сфатил дека е измамен
    • Температурите во осум часот низ Македонија – Студ, сонце, па голем пресврт со времето до крај на неделата
    • Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт
    • СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра
    • ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас
    • Ниту студот не ги запре пожарите: ЦУК со пресек за состојбата
    • Голема среќа за еден знак: Денеска му се отвораат сите врати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: ЕУ испрати јасна порака, ВМРО-ДПМНЕ го загрозува европскиот пат на државата

    Филипче: ЕУ испрати јасна порака, ВМРО-ДПМНЕ го загрозува европскиот пат на државата

    05.11.2025 во 15:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Ако добро се погледне извештајот, пораката од него е јасна: не постои напредок во ниту една област. Дури и таму каде што има технички активности, нема никакви резултати. Не само што тапкаме во место, туку се враќаме назад”, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција посветена на Извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година, кој вчера го објави Европската комисија.  

    Филипче посочи дека извештај на Европската комисијата претставува јасен сигнал дека државата под власта на ВМРО-ДПМНЕ е во целосен застој и дека европскиот пат е доведен во прашање.

    „За жал, овој извештај потврди дека државата е во целосен застој, реформите се блокирани, институциите се парализирани, а европскиот пат е сведен на празна реторика без никаква реална содржина”, нагласи  д-р Филипче.

    Тој потсети дека Македонија и Албанија пред две години чекореа заедно на европскиот пат, но денес разликите се драстични и за разлика од Македонија, Албанија направи значителен напредок во преговорите со ЕУ.

    „Чекоревме паралелно со Албанија, еве ја гледаме сега Албанија како со крупни чекори оди напред, какви се предвидувањата. За жал, ние освен што стагнираме во неколку области, имаме и назадување”, изјави лидерот на СДСМ, д-р Филипче. 

    Филипче на прес-конференцијата порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ го загрозува европскиот пат на државата и ја враќа Македонија години наназад, наместо да ја движи напред кон европските стандарди, вредности и развој.

    Прочитај повеќе

    СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра

    07.10.2026 во 08:23

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.