Фатен затвореник кој побегнал од Идризово, бил осуден поради педофилија и тешка кражба

Полицијата фати затвореник кој бил баран со потерница поради бегство од Идризово.

Се работи за затвореник со иницијали Ј.С. (34) кој бил осуден на 12 години и 10 месеци затвор во врска со обљуба врз малолетно лице, тешка кражба и соучешништво, објави МВР.

Лицето ќe биде спроведенo во надлежната казнено-поправна установа.

22.07.2024 - 19:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега