Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Евтина тарифа и во сабота – се подготвуваат големи промени за струјата

    Евтина тарифа и во сабота – се подготвуваат големи промени за струјата

    25.06.2026 во 14:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) размислува за значајни измени во начинот на кој граѓаните ја плаќаат електричната енергија, со цел намалување на месечните сметки.

    Како една од главните опции кои во моментов се анализираат е проширување на периодот на евтината тарифа, па дури и нејзино воведување во деновите од викендот, поточно во сабота.

    Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во интервју за МИА посочи дека постоечките блок тарифи беа воведени како кризна мерка, но дека пазарот веќе наметнува нови правила.

    „Генералната идеја е граѓаните да плаќаат пониски сметки за потрошената електрична енергија. Сметаме дека има простор за ревизија на блок тарифите и нивно прилагодување на новите трендови во производството на електрична енергија од обновливи извори“, вели Ристов.

    Како причина за ваквите промени се наведува растот на производството од сончеви и ветерни електрани. Ова создава вишоци во текот на денот кога цените на берзите драстично паѓаат.

    Првичните анализи покажуваат дека во периодот од 11 до 15 часот има вишок на струја, што отвора простор за дедневна евтина тарифа, но истовремено наметнува и потреба за ревизија на ноќната тарифа.

    „Најскапата електрична енергија на пазарот денес е меѓу 21 и 24 часот, а токму тогаш кај нас важи евтината тарифа. Тоа е економски нелогично и покажува дека треба да се приспособиме на новите услови на пазарот“, нагласува Ристов.

    Од РКЕ додаваат дека целта е да се заштитат и инвеститорите во зелена енергија, бидејќи екстремно ниските берзански цени дење можат да го забават развојот на овој сектор.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.