Евакуација на Народна банка - дојави за бомби и во девет средни училишта
Девет средни скопски училишта добиле дојави за поставен експлозивна направа. Освен училишта, денеска пријава за бомба добила и Народната банка.
Од МВР за Прес24 велат дека веднаш по добиената пријава, полициски службеници презеле мерки за расчистување на случаите во скопските училишта.
-Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Инаку, засега само еден малолетник доби кривична пријава за тероризам кој инспириран од претходните пријави, дојавил дека е поставена бомба во училишта. МВР мака мачи да ги најде лицата кои речиси еден месец пријавуваат наводни експлозивни направи во школите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа