Серија апсења низ Скопје
Во текот на вчерашниот ден во Скопје од слобода биле лишени три лица кои биле барани со централна потерница.
МВР денеска информира дека З.Н.(55), Р.Т.(55) и С.М.(37), тројцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници врз основа на судски наредби за издржување затворски казни, биле приведени.
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги, го лишиле од слобода З.Н. затоа што бил баран за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик.
Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Р.Т. затоа што бил баран за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 300 став 1 во врска со член 297 од Кривичниот законик.
Полициски службеници од Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Кисела Вода пак, го лишиле од слобода С.М.за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик.
Лицата биле спроведени во Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје за издржување на казните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа