Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Есенската агенда на Стопанската комора: Финансии, дигитализација и регионална соработка

    Есенската агенда на Стопанската комора: Финансии, дигитализација и регионална соработка

    22.09.2026 во 10:014 Mins Read
    Стопанска комора
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Неделата што е пред нас носи интензивна агенда и низа значајни активности на Стопанската комора, со фокус на финансискиот сектор, локалниот економски развој, дигиталната трансформација и регионалната економска интеграција.

    Почетокот е на 24 септември, со регионалната конференција MicroBalkans, која ќе обедини повеќе сегменти од финансискиот екосистем и ќе создаде платформа за поврзување на микрофинансирањето, небанкарското кредитирање, FinTech-индустријата и финансискиот сектор. Овогодишното мото на конференцијата е „Што треба да се промени во начинот на размислување за кредитирањето?“

    MicroBalkans не е наменета само за финансиските компании. Нејзината суштина е во создавањето простор на едно место да се сретнат регулаторите, банките, небанкарските финансиски институции, FinTech-компаниите и меѓународните финансиски организации, со цел размена на искуства, идеи и перспективи за иднината на кредитирањето.

    Во петок, 25 септември 2026 година, во Комората ќе се одржи значаен состанок со градоначалниците на поголемите општини. На средбата ќе се разменат искуства за функционирањето на локалната самоуправа и регионалните бизнис-организации, а ќе биде разгледана и иницијативата за симетрично поставување на регионалните комори согласно осумте плански региони.

    На состанокот ќе биде претставена и интегрираната дигитална платформа MyCivic, која обезбедува директна, видлива и мерлива врска меѓу граѓаните, градоначалникот, градската администрација и јавните претпријатија. Платформата им овозможува на општините подобро да ги организираат ресурсите, да ги контролираат трошоците, да ја координираат работата на службите и да го следат квалитетот на јавните услуги.

    Подоцна истиот ден ќе се одржи и Industry Meetup на ДИГИТМАК, иницијатива насочена кон забрзување на дигиталната трансформација на македонските компании и развој на иновативен и конкурентен бизнис-сектор.

    ДИГИТМАК претставува платформа што ги поврзува бизнис-секторот, академската заедница и јавниот сектор, со цел компаниите да добијат пристап до знаење, експертиза, технологии и поддршка за воведување дигитални решенија, вклучително и решенија базирани на вештачка интелигенција.

    Industry Meetup ќе биде можност и за официјално претставување на Европскиот дигитален иновациски хаб ДИГИТМАК, неговата визија и услугите што ќе им бидат достапни на компаниите. Настанот ќе биде проследен со панел-дискусија посветена на иднината на дигиталната трансформација во Северна Македонија и ќе отвори простор за компаниите и институциите да ги зајакнат своите капацитети за дигитализација.

    На 30 септември, во Цетиње, ќе се одржи состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе ги обедини министрите надлежни за економски прашања од земјите од регионот, како и претставници на Европската комисија и регионалните организации.

    Состанокот ќе биде можност за дискусија за клучните приоритети поврзани со регионалната економска интеграција, спроведувањето на Заедничкиот регионален пазар и унапредувањето на реформската агенда во рамките на Берлинскиот процес.

    Веднаш потоа, на 1 октомври, во Будва ќе се одржи Бизнис-платформата ЕУ–Западен Балкан 6 (WB6).

    Целта на настанот е да се отвори простор за директен дијалог меѓу деловната заедница, носителите на одлуки од Европската Унија и креаторите на политики од Западен Балкан, со фокус на идентификување на предизвиците и неискористените можности во деловното опкружување во регионот, како и на унапредување на економската интеграција на Западен Балкан во Европската Унија.

    Дискусиите ќе се фокусираат на однапред утврдени теми, со цел да се идентификуваат регулаторни и политички решенија за надминување на постојните предизвици и искористување на можностите за развој.

    Платформата за бизнис-дијалог ЕУ–WB6 ги обединува претставниците на деловните заедници, вклучително и Бизнис-советот на WB6, и носителите на одлуки од Западен Балкан и Европската Унија. Нејзината цел е да го олесни дијалогот меѓу европските креатори на политики и деловната заедница од WB6 за тоа како перспективата за пристапување кон Европската Унија може да создаде нови можности за трговија, инвестиции и други форми на деловна соработка.

    Посебно внимание ќе биде посветено на досегашните ефекти од реформите и мерките, особено во делот на подобрувањето на пристапот до пазарите, намалувањето на пречките за водење бизнис и зајакнувањето на економската интеграција на регионот со Европската Унија.

    Пред нас е динамична недела во која финансискиот сектор, локалниот развој, дигитализацијата и регионалната соработка се среќаваат на една заедничка агенда – создавање подобри услови за развој на македонската економија и поголема конкурентност на компаниите.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.