Ердоган предупредува за проширување на војната
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелските напади врз Либан ќе продолжат се додека Западот молчи.
Ројтерс јавува дека Ердоган разговарал со турски новинари во Њујорк пред да го напушти Генералното собрание на ОН.
Се наведува дека турскиот лидер рекол дека воздушните напади на Израел врз Либан се доказ дека се обидува да се прошири војната од Газа во поширокиот регион, додавајќи дека ОН се немоќни да го запрат.
„Додека светот молчи и западните земји го поддржуваат израелското раководство со оружје, овие масакри, за жал, ќе продолжат. Ние го истакнавме тоа на нашите состаноци“, рече турскиот претседател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа