Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
Во Собранието денеска седница ќе има Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
На дневниот ред на седницата има една точка - разгледување на прашања во врска со спроведувањето на Деловникот на Собранието при работа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот за надзорната расправа закажана за 25 февруари 2025 година, и давање на мислење за разрешување на спорните прашања.
17.02.2025 - 08:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа