Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Епидемијата се смирува, квалитетот на водата во Гостивар се подобрува

    Епидемијата се смирува, квалитетот на водата во Гостивар се подобрува

    29.07.2026 во 13:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Позитивни сигнали од терен и стабилизирање на епидемиолошката слика во гостиварскиот регион најави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. На прес-конференција посветена на актуелните здравствени предизвици, тој истакна дека новиот број на регистрирани заболени се враќа на нивоата пред 25 јуни, што укажува на смирување на кризата со водоснабдувањето.

    Според ресорниот министер, клучниот фактор за ова подобрување лежи во фактот што претходните денови се врши соодветно и редовно хлорирање на водата во градскиот водовод.

    Сепак, конечната одлука за тоа кога водата официјално ќе биде прогласена за целосно безбедна за пиење ќе ја донесе надлежниот Управувачки комитет откако ќе завршат сите дополнителни проверки на терен.

    За деталите околу текот на епидемијата и критериумите за укинување на рестрикциите, министерот Клековски појасни:

    „Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз основа на епидемиолошките анкети ќе се утврди дека веќе нема случаи поврзани со градскиот водовод во Гостивар. Оваа бројка на нови болни може да бидат од сосема други причини-рече Клековски.“

    Додавајќи за актуелната состојба со параметрите на резидуалниот хлор, министерот нагласи:

    „Штом нивото на резидуален хлор ќе биде постигнато во сите крајни точки кај што има негативни проби на крајните точки Управувачкиот комитет ќе каже дека водата е соодветна за пиење и подготвување на храна-рече Клековски.“

    Нови случаи на вектор-преносливи болести и мерки за Скопско Поле

    Покрај состојбата во Гостивар, на денешниот брифинг беа соопштени и информации за новите случаи на вектор-преносливи заболувања, при што беа потврдени три нови случаи – два на Инфективната клиника и еден на Клиниката за неврологија. Министерот посочи дека дел од заразените лица воопшто не патувале надвор од државата, со што се потврдува локалната циркулација.

    Во однос на преземените заштитни мерки и теренските активности во регионот на Скопско Поле, Клековски изјави:

    „Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести која заседава по ова прашање е дека надвор од случаите што се поврзани со Грција има и случаи коишто дефинитивно не патувале надвор од земјата и со место на живеење се во подрачјето на Скопско Поле-рече министерот.“

    Задолжително тестирање на крвта и интервентен увоз на лекови

    Зборувајќи за западнонилската треска и заштитата на ризичните групи, министерот потсети дека поголемиот процент од заразените лица ја минуваат инфекцијата асимптоматски, додека поголем ризик имаат повозрасните граѓани со веќе постоечки коморбидитети.

    За целосна сигурност на системот, тој нагласи дека се преземени дополнителни превентивни чекори:

    „Огромен број е асимптоматски тие што се симптоматски се од повозрасната група 60 + и се поврзани со коморбидитети. Комисијата за заразни болести работи постојано, сега фокусот веќе од предминатата седница префрлен од Гостивар на вектор-преносливите болести и штом ги имаме резултатите од нивните препораки ќе ги направиме. Во моментот се тие што ги соопштив вчера-рече Клековски.“

    На крајот, Клековски најави и дека здравствените власти подготвуваат интервентен увоз на потребни лекови, вклучително и терапии за маларија.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.