Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе потпишат Меморандум за соработка
    • Метју Меконахи откри како филм со Џенифер Лопез му „помогнал“ да се спаси од полицијата на аеродромот во Мексико
    • Трагедија: Повеќе од 100 загинати при уривање на рудник за злато
    • Цената на нафтата скокна на највисоко ниво во последните три недели
    • Николоски со порака од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ сега е најсилно од своето постоење
    • Македонците го одбележаа Преображение во црквата во село Ербеле, Албанија
    • Мицкоски: Нема дилема дека разговараме со цел да се најде решение за ЕУ процесот
    • Се обидел да ограби обложувалница, но алармот го исплашил – од полицијата не успеа да избега
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч

    Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч

    22.04.2026 во 19:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на официјалната посета на Австрија, владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав е и министерката Сања Божиновска, оствари средба со канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер.

    Фокусот на разговорите беше ставен на економијата, енергетската сигурност и регионалната стабилност, при што беше потенцирана поддршката за европската интеграција на Македонија и важноста од зајакнување на енергетската поврзаност.

    Во рамки на политичкиот состанок, на кој присуствуваа и претставници на австриската влада, се отворија теми поврзани со зелената транзиција, одржливите политики и новите енергетски модели.

    Министерката Божиновска порача: „Енергетиката денес е прашање на стабилност, безбедност и геополитичка позиција. Македонија има јасна амбиција да се позиционира како регионален енергетски јазол, преку интерконективност, диверзификација и силен инвестициски циклус во обновливи извори. Нашата порака е јасна – ние сме партнер што нуди предвидливост, стабилност и конкретни можности за инвестиции.“

    Во продолжение на посетата, делегацијата одржа и економски состанок со претставници на водечки австриски компании, при што беа разгледани конкретни можности за инвестиции, технолошки трансфер и продлабочување на економската соработка.

    Средбите испратија јасна порака дека економската соработка меѓу двете земји има силен потенцијал за раст, со конкретен интерес за нови инвестиции и долгорочно партнерство.

    Прочитај повеќе

    Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе потпишат Меморандум за соработка

    19.08.2026 во 23:47

    Мицкоски: Доколку ги споредиме месечните растови на оваа со владите на СДСМ, сега за 70% расте просечната плата месечно повеќе, а пензиите за 325% повеќе

    19.08.2026 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.