Најмалку 30 лица загинаа, а над 15 се повредени во пожар по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на Каиро, соопшти вчера египетското Министерство за здравство.
Несреќата се случила над тунел во предградието Гиза, откако се превртел и се запалил камион со плински боци, кои потоа експлодирале и го прошириле огнот и на други возила, а според локалните медиуми се очекува бројот на загинати да расте.
Од египетското министерство информираа дека на местото на настанот биле упатени 39 амбулантни возила, а повредените биле згрижени во три болници.

