Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата скокна
    • Хаварија во регионот: Пола град остана без вода
    • Почина Ведрана Рудан – „Отиде на подрачје без сигнал“
    • Украина со масовен напад со дронови врз Москва: Погоден магацинот на „Вајлдберис“
    • Наскоро продолжен викенд, ќе одмориме три дена – Останаа уште неколку неработни денови годинава
    • Добра вест за граѓаните: Пари ќе легнат на сметките, започна исплатата на „Мој ДДВ“
    • Дневен хороскоп: Неочекувани трошоци за Овенот, изненадување за Близнаците
    • Портокалово предупредување: Висока опасност од пожари низ земјава, ЦУК со апел до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Една земја со закон ги забрани рекламите што не можат да се прескокнат

    Една земја со закон ги забрани рекламите што не можат да се прескокнат

    08.01.2026 во 17:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Една земја одлучи да стави крај на она што со години ги вознемируваше милиони луѓе низ целиот свет. Рекламите на YouTube што не можат да се прескокнат наскоро повеќе нема да бидат дозволени, благодарение на новите правила што директно го менуваат начинот на кој функционира онлајн рекламирањето.

    Виетнам го усвои Уредбата бр. 342, која прецизно ги регулира измените на Законот за рекламирање. Уредбата стапува на сила на 15 февруари 2026 година и носи многу построга контрола врз дигиталното рекламирање, со јасна цел да се заштитат корисниците и да се борат против лажните реклами на интернет.

    Најважната промена се однесува на видео рекламите. Максималното време на чекање пред да се прескокне реклама ќе биде ограничено на пет секунди. Ова значи дека долгите, наметливи видео реклами повеќе нема да можат да ги држат гледачите против нивната волја. Правилата се уште појасни за статичките реклами, бидејќи тие мора да можат веднаш да се затворат, без никакво одложување.

    Уредбата дополнително ги обврзува платформите да обезбедат лесно за користење затворање на рекламите со еден допир, без збунувачки икони или лажни симболи што ги водат корисниците до погрешен клик. Сите елементи дизајнирани да ги доведат во заблуда гледачите ќе бидат експлицитно забранети.

    Дополнително, онлајн услугите ќе мора да воведат јасно видливи етикети и упатства за корисниците да пријавуваат реклами што го кршат законот. Опциите за исклучување или ограничување на прикажувањето на несоодветни реклами исто така ќе бидат задолжителни, со што одговорноста за содржината на рекламите ќе се префрли на самите платформи.

    Новите правила не се однесуваат само на корисничкото искуство, туку и на содржината на рекламите. Уредбата строго го регулира рекламирањето за 11 групи производи и услуги што директно влијаат врз здравјето на луѓето и животната средина. Тие вклучуваат козметика, храна и пијалоци, млеко и формула за бебиња, медицински помагала, здравствени услуги, пестициди, фармацевтски производи и алкохолни пијалоци.

    Иако овие мерки моментално се применуваат само во Виетнам, пораката е јасна. За прв пат, големите платформи како YouTube се соочуваат со законски ограничувања кои се јасно напишани во корист на корисниците, а не на огласувачите. Доколку овој модел се покаже како успешен, не е нереално да се очекува слични правила да почнат да се појавуваат и во други земји.

    За гледачите, ова значи едно нешто. Помалку досада, помалку наметливо рекламирање и поголема контрола врз содржината што им се прикажува.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Неочекувани трошоци за Овенот, изненадување за Близнаците

    18.08.2026 во 09:06

    ФОТО: Имаше само 36 години – Последната објава на славната актерка денови пред смртта ги растажи фановите

    18.08.2026 во 08:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.