Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Една од најпознатите светски новинарки задоволна: Ратко Младиќ конечно е мртов

    Една од најпознатите светски новинарки задоволна: Ратко Младиќ конечно е мртов

    27.08.2026 во 18:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Познатата новинарка и главна меѓународна дописничка на Си-ен-ен, Кристијан Аманпур, реагираше по смртта на поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој почина во притвор на Обединетите нации во Хаг на 84-годишна возраст.

    Во објава на социјалната мрежа Икс, Аманпур оцени дека со смртта на Младиќ заминал „еден од најбруталните убијци во светот“, потсетувајќи на злосторствата за кои тој беше осуден.

    Таа посочи дека Младиќ доживеал длабока старост, за разлика од десетиците илјади негови жртви, и посебно се осврна на геноцидот во Сребреница, каде во јули 1995 година беа убиени повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња.

    Младиќ во 2017 година беше осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина. Пресудата подоцна беше правосилно потврдена.

    Аманпур истакна и дека е горда на работата на новинарите кои во текот на 1990-тите ги документирале злосторствата во Босна и придонеле тие да останат забележани и да бидат искористени во барањето одговорност пред меѓународните судови.

    Смртта на Младиќ предизвика спротивставени реакции во регионот – дел од преживеаните и семејствата на жртвите порачаа дека неговата смрт не ги брише злосторствата, додека дел од српските националистички политичари повторно го претставија како херој и заштитник на српскиот народ.

    Прочитај повеќе

    Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство

    11.09.2026 во 23:15

    Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја

    11.09.2026 во 22:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.