Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Еден на листата одби да биде пратеник – еве кој

    Еден на листата одби да биде пратеник – еве кој

    03.11.2025 во 17:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница утврди дека Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов ќе бидат новите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Тие ќе ги заменат досегашните пратеници Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски, кои беа избрани за градоначалници на последните локални избори.

    Како што појасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко, новите пратеници се следни на листата на коалицијата „Твоја Македонија“. Николовска и Стојановски доаѓаат од Изборната единица 1, а Андонов од Изборната единица 4.

    Иако пред Стојановски на листата се наоѓа Игор Никовски, тој писмено ја известил ДИК дека се откажува од мандатот, поради што местото му припаѓа на Стојановски.

    Кондарко најави дека ДИК веднаш ќе го извести Собранието за новите тројца пратеници, кое потоа треба да ги верификува нивните мандати.

    Собранието претходно денеска констатираше дека мандатите на Стаменковска-Трајковска, Мицевски и Проданоски престануваат, откако тие беа избрани за градоначалници — на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп, соодветно.

    Дополнително, ДИК донесе Одлука за исплата на надомест на своите вработени, на припадниците на МВР и на другите лица ангажирани за враќање на уредите за биометриска идентификација на гласачите користени во изборниот процес. По нивното враќање, од уредите ќе бидат избришани сите внесени податоци.

    Пресс24 анализа: Намален интерес во Скопје за гласање
    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница

    25.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.