Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во осум часот
    • Пожарите не стивнуваат: ЦУК информира за состојбата
    • Судењето за „Пулс“ продолжува: Одбраната со нови докази и сведоци
    • ГАЛЕРИЈА: „Ќе се осакати некое дете, па кој ќе биде крив?“ – Граѓаните во Кисела Вода револтирани
    • Голема трагедија: Српскиот водител почина по сообраќајна несреќа
    • „Слушни, препознај, поддржи“ во Кисела Вода: Трибина за проблемите со кои се соочуваат децата
    • Македонија и соседите за Коридорот 8 – Фокус на поврзувањето и инфраструктурата
    • Муцунски и Петрова на иста маса: Средба за односите меѓу Македонија и Бугарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Еден ден шлаканица, другиот букет цвеќе” – Вака Ведрана Рудан зборуваше за својот прв брак

    „Еден ден шлаканица, другиот букет цвеќе” – Вака Ведрана Рудан зборуваше за својот прв брак

    20.08.2026 во 08:572 Mins Read
    Принтскрин, видео, РТЛ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ведрана Рудан отсекогаш отворено зборувала за својот приватен живот, па така се знае дека двапати била мажена.

    Со првиот сопруг била во брак 14 години, и со него ги добила двете деца – ќерката Асја и синот Славен. Писателката често зборувала дека во првиот брак доживеала насилство, а својот поранешен сопруг го поистоветувала со својот татко.

    „Првиот маж кој ги исполнуваше естетските критериуми – толкави раменици, вакви колкови, таква коса, волшебна насмевка, такви очи – си реков, ете, тоа е тој. Другите сигнали не сакав да ги видам. Мојот прв сопруг беше мојот татко, само во друга форма и многу полош, многу поперфиден и полукав. Еден ден шлаканица, другиот букет цвеќе – сигурен психопат“, раскажувала Ведрана.

    „Бев збунета, како и сите жени кои трпат насилство, бидејќи денес ќе те претепа, а утре ќе ти донесе букет цвеќе и ќе ти каже: „Не ме провоцирај, па сè ќе биде во ред“, искрено зборувала Ведрана.

    Додека сè уште била во брак, Ведрана запознала помлад адвокат, со кого започнала љубовна врска, по што се развела. Ведрана отворено раскажувала дека во првиот брак никогаш не била среќна, а дека со вториот партнер научила многу.

    Вториот сопруг на Ведрана бил осум години помладиот адвокат Љубиша Драгељевиќ, со кого до крајот на животот била во хармоничен брак, а парот живеел во Риека.

    „Љубиша ме научи на толеранција. Ме промени на подобро. А моите деца се многу пообразовани од мене. Славен има прочитано илјадници книги, а Асја зборува четири јазици, но јас сум им лош ученик. Немам повеќе време за учење. Сепак, децата со самото свое раѓање ми покажаа дека постои безусловна љубов“, раскажувала Ведрана.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во осум часот

    08.10.2026 во 08:30

    Пожарите не стивнуваат: ЦУК информира за состојбата

    08.10.2026 во 08:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.