ДЗС: Намалена стапката на невработеност во Македонија

– Во второто тримесечје од годинава во земјава имало 1.681.862 работоспособни граѓани од кои активни лица биле 945.412, при што 795.271 биле вработени, а 150.141 невработени. Стапката на активност во овој период е 56,2, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност изнесува 15,9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност и на вработеност е за по 0,2 повисока во споредба со првото тримесечје од годинава, додека стапката на невработеност е помала за 0,1. 

03.09.2021 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега