Двајца млади прилепчани среде бел ден претепале сограѓанин и го ограбиле

 

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 21 часот во Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(20) и В.А.(22), двајцата од Прилеп.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие се осомничени дека околу 16.30 часот во Прилеп физички го нападнале А.Ш.(30) од Прилеп и му одзеле пари.

-Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 од Кривичниот законик, соиопшти МВР.

17.07.2024 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа