СВР Скопје вчера евидентира два одвоени инцидента на насилство во семејства што се наоѓаат во бракоразводна постапка.

Вчера во 11:40 часот е приведен М.К. (31) од Скопје, откако неговата 30-годишна сопруга пријавила дека тој ѝ упатувал закани.

По целосно документирање на случајот, против приведениот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 13:50 часот, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К. (43), со кого исто така се во бракоразводна постапка.

Exit mobile version