Познатата пејачка Мина Костиќ поминува низ тежок период и моментално се наоѓа во психијатриската установа „Д-р Лаза Лазаревиќ“. Соседите на пејачката, како што пренесуваат домашните медиуми, велат дека интервенирале Итната помош и полицијата. Според последните информации, нејзината состојба се стабилизирала, а од интензивна нега е префрлена на женско одделение.

Според извештаите, пејачката во неделата поминувала низ емотивно тежок период. Соседите слушнале викање и извици од нејзиниот стан, поради што повикале Итна помош. Иако медицинскиот тим двапати пристигнал на нејзината адреса, Мина во двата наврати одбила хоспитализација. На крај интервенирала полицијата, која ја смирила и ја префрлила во установата, пишуваат домашните медиуми.
Според последните информации, Мина Костиќ се чувствува подобро и е префрлена од интензивна нега на женско одделение.