Партијата на пензионери изразува сериозна загриженост по сознанијата изнесени од Агенцијата за храна и ветеринарство, поврзани со наводни манипулации на одредени компании во млечниот и сувомесниот сектор, се наведува во соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Од партијата апелираат Агенцијата во најскоро законски предвидено време јавно да ги објави имињата на сите компании за кои постојат сомнежи дека со своето работење го довеле во прашање здравјето на граѓаните.

Во реакцијата се посочува и загриженост дека потрошувачите не се информирани дали производите на тие компании сè уште се наоѓаат во продажба.

Партијата на пензионери бара од надлежните институции да преземат најстроги мерки против сите кои го прекршиле законот, со цел, како што наведуваат, враќање на довербата кај потрошувачите, особено кај пензионерите како една од најранливите категории.

Се додава дека секој вид на манипулација во општеството остава простор за загриженост и сомнеж кај граѓаните.

Exit mobile version