Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги отфрли најавите за нови мерки за ограничување на цените или маржите, нагласувајќи дека пазарот во моментов е стабилен. Според него, официјалните податоци покажуваат дека во декември е забележано намалување на трошоците во секторот храна и пијалоци.

„Сега засега не гледаме причина за преземање некакви мерки или ограничување на бруто профитната маржа. Во месец декември цените во делот на храна и пијалоци се намалени за 0,4 проценти. Убеден сум дека овој тренд ќе продолжи и во текот на оваа година“, изјави Дурмиши.

Министерот посочи дека ситуацијата се следи секојдневно во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), но во моментов нема енормни зголемувања кои би барале државна интервенција на пазарот.

Exit mobile version