Close Menu
Press24
    Најново

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48

    Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие

    08.07.2026 во 22:39

    Три лица приведени на фудбалски натпревaр

    08.07.2026 во 22:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож
    • Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие
    • Три лица приведени на фудбалски натпревaр
    • Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт
    • Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциите за почитување на работничките права

    Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциите за почитување на работничките права

    01.05.2026 во 15:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска го честиташе Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи дека државата ги засилува контролите на терен за сузбивање на неформалната економија.

    Дурмиши истакна дека во изминатиот период, преку социјален дијалог, е постигнато зголемување на платите во неколку клучни сектори.

    „Среќен 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. На овој значаен ден, изразуваме длабока почит и благодарност до сите работници, кои со својата посветеност и труд, секојдневно придонесуваат за економскиот и општествениот развој на нашата држава“, напиша министерот на Фејсбук.

    Тој појасни дека фокусот на министерството останува на доследното спроведување на законите и заштитата на вработените.

    „Во изминатиот период, преку социјален дијалог и колективни договори, постигнавме зголемување на платите во повеќе клучни сектори, со што се подобрува животниот стандард на илјадници работници. Истовремено, ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија“, додава Дурмиши.

    Министерот потсети и на Оперативниот план за вработување, кој има за цел да создаде нови можности за младите и ранливите категории граѓани.

    „Нашата заложба останува цврста да изградиме поправеден, поинклузивен пазар на труд и да обезбедиме достоинствени услови за работа за секој работник“, потенцираше тој.

    Прочитај повеќе

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48

    Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие

    08.07.2026 во 22:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.