ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ свесно предизвикува меѓуетничка нетолеранција во Бутел

 

„Демократската унија за интеграција остро реагира на шовинистичката и авантуристичка политика на ВМРО-ДПМНЕ, која во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани, стравувајќи од кривично гонење за тековните криминали на своите функционери и жедна за власт, сериозно го предизвикува соживотот, толеранцијата и меѓуетничката хармонија во земјата“. Вака реагираат од ДУИ во писмено соопштение испратено до медиумите

Неодамнешната одлука на општина Бутел да ги оспори само албанските имиња на улиците на оваа мултиетничка општина во Скопје е уште една провокација која заслужува остра осуда од сите, велат од ДУИ.

„Меѓуетничкиот соживот, функционалната мултиетничка демократија се основните вредности на нашата заедничка држава и само политичките кусогледи и противниците на европската иднина можат да сметаат дека оспорувањето на овие вредности за изборни или националистички цели може да помине и да даде некакви резултати за нив.

Демократската унија за интеграција останува да биде чувар и главен промотор на соживотот, толеранцијата и можноста за слободно изразување на идентитетот и културните вредности на сите заедници во државата.

Предизвикувачите на овие вредности ќе останат во темниот дел на историјата на оваа земја“, порачаа од партијата.

30.06.2023 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега