ДУИ: Партиите што изгубија на изборите се обидуваат својот неуспех да го претворат во неуспех на сите Албанци
Напуштањето на Заедничката тркалезна маса од страна на албанските парламентарни партии и стоењето во ходниците на седиштата на македонските партии од страна на партиите кои ги загубија изборите на 15 јули е продолжение на поделбата на Албанците, дефокусирање од поразот и
слабеење на преговарачките позиции на албанскиот победник на парламентарните избори, соопштија од ДУИ.
Тие се обидуваат својот партиски неуспех да го претворат во неуспех на сите Албанци со тоа што ќе стојат на ред во ходниците на македонските партии со единствена цел да не дадат одговорност пред партиските тела за нивниот континуиран неуспех.
Ние во ДУИ ќе продолжиме да ги покануваме да се обединат и ќе ја предводиме решително затоа што обединувањето во здрава и национална опозиција е во интерес на сите.
Оваа определба, ДУИ и г. Ахмети ќе ја продолжат и покрај пречките за создавање на достоинствена опозициска алтернатива која нема бидезаслепена од желбата за власт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа