Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Државниот завод за статистика објави публикација „35 години независна Македонија“

    Државниот завод за статистика објави публикација „35 години независна Македонија“

    07.09.2026 во 19:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод 35 години од независноста, Државниот завод за статистика ја објави публикацијата „35 години независна Македонија“, која преку внимателно избрани статистички показатели ги прикажува развојот и промените во земјата во изминатите три и пол децении.

    -Триесет и пет години независност се повеќе од јубилеј. Тие се приказна за една држава, за нејзините луѓе, за промените низ кои поминувало општеството и за патот што сме го изоделе заедно. А токму бројките се едни од најверните сведоци на тој пат. Преку податоци за населението, образованието, пазарот на трудот, економијата, земјоделството, индустријата, животната средина, туризмот, информатичкото општество и многу други области, публикацијата создава статистички портрет на независна Македонија – од првите години на независноста до денес – се вели во соопштението од Статистика.

    Посебен белег на публикацијата е нејзиниот визуелен идентитет, инспириран од македонскиот традиционален вез.

    -Везот не е избран само како декоративен елемент. Неговите нишки симболично ги поврзуваат минатото и сегашноста, традицијата и современоста, наследството што го носиме и промените што ги создаваме. Како што со внимателно испреплетување безброј нишки се создава една целина, така и од илјадници статистички податоци се создава сликата за едно општество. Oваа публикација не е само збир на табели, графикони и показатели. Таа е хроника на 35 години независност, раскажана на јазикот на статистиката – посочуваат од Статистика.

    Зад секој податок, посочуваат од Државниот завод за статистика, стои дел од нашиот секојдневен живот, зад секоја статистика стојат луѓе – 35 години. Илјадници бројки. Една приказна.

    Прочитај повеќе

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54

    Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата

    06.10.2026 во 14:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.