По задолжение на Директорот на Државниот просветен инспекторат, а по иницијатива доставена од деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, извршен е вонреден инспекциски надзор во однос на запишувањето студенти на втор и трет циклус студии со завршен прв циклус стручни студии.
При надзорот се утврдени неправилности и отстапувања од законските и подзаконските прописи. Констатирано е дека дел од студентите биле запишани на втор и трет циклус студии без да ги исполнуваат условите, односно без завршен прв циклус академски студии со најмалку 240 ЕКТС кредити. Наместо тоа, тие поседувале 180 ЕКТС кредити од стручни студии, кои биле комбинирани со 60 ЕКТС кредити од специјалистички студии (180+60), што не е дозволено согласно закон, правилници, конкурс и студиски програми.
За овие нерегуларности, како и за други пропусти во работењето на високообразовната установа изготвен е записник со задолженија и донесени се решенија за постапување со соодветни рокови, по што ќе следи повторен инспекциски надзор за да се увиди дали е постапено. За вкупно 7 студенти донесени се решенија за поништување на уписот и стекнатиот статус, соопшти Државниот просветен инспекторат.
- Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
- СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
- Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
- Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
- Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
- Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
- Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
- Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови

