СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М. (50) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“.
Според пријавеното, на 14 август 2026 година, во семејниот дом, Р.М. физички ги нападнал сопругата и ќерката, со што постапил спротивно на издаденото судско решение за привремени мерки за заштита од семејно насилство.

