Вчера во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица.
Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал.
А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во Неготино.
Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случаите против А.Х. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Актуелно
- Икеа доаѓа во Македонија?
- Возете внимателно: Магла на повеќе патни правци
- Се судрија два автомобили – еден возач итно пренесен в болница
- Пренџов: Продолжуваме со реформски чекори во насока на стабилен, праведен и ефикасен правосуден систем
- СДСМ: Нема пари ниту за минимална плата, ниту за пензионерите
- Усвоен предлог-законот за Судски совет на второ читање
- Шкотска: Авион се судри со камион за гориво
- СДСМ: Мицкоски сите тендери си ги собра за себе


