Драма во Хаг: Поради лажна тревога евакуиран дел од парламентот, испратен сомнителен пакет

 

 

Долниот дом на холандскиот парламент денеска беше делумно евакуиран од безбедносни причини.

Сомнителниот пакет дошол во просторијата каде што доаѓа поштата, но не содржел ништо опасно, соопшти полицијата по истрагата, објави холандскиот портал „NL Times“.

Според лидерот на Партијата за слобода (ПВВ), Герт Вилдерс, пакетот со плишаното мече било адресирано до него.

„За среќа, без експлозиви и затоа не е опасно“, додаде тој.

Обезбедувањето на зградата ги прекина сите состаноци во просториите на управата околу 12:25 часот. Тие побараа пратениците и другите присутни да ги напуштат просториите на комисијата низ главната врата. Просторијата за пратки се наоѓа зад просториите на одборот, пишува весникот „АД“.

Во близина на зградата на парламентот беа видливи десетина полицајци.

Полицијата го опколи задниот дел од комплексот и подземниот паркинг. Како што јави холандската агенција „АНП“, само дел од зградата е евакуирана, додека во другите простории продолжиле дебатите и брифинзите. Главниот влез е се уште отворен, ресторанот е отворен, а во посета е група студенти, јавија медиумите.

13.04.2023 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега