ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш.(40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против Д.Л.(33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“ и против Б.З.(45) од Скопје за „фалсификување исправа“.
Во септември 2025 година, првопријавениот без согласност на неговата мајка и уште едно лице ги искористил нивните лични податоци од лична карта и патна исправа и му ги предал на второпријавениот, кој без согласност, ги искористил нивните лични податоци во постапка за кандидирање на членови на Советот на општина Богданци пред општинска изборна комисија Богданци, а го фалсификувал и потписот на лицата.
Така направените лажни јавни исправи, од третопријавениот Б.З. од Скопје на 13.09.2025 во Богданци биле предадени на членови на општинска изборна комисија Богданци, а со цел поднесување на листа за кандидати за членови на советот на општина Богданци.
- Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
- Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
- ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
- Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
- Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
- Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети
- Липково: Полицајци го затекнале како купува дрога, по што го стартувал „бмв“-то, па од прозорец нападнал полициски службеник
- Мицкоски: Веднаш му се јавив на носителот на листата на студентите и му честитав – ние сме први соседи

