Договорот меѓу Заев и Гаши ќе почека до следната недела

 

Најверојатно, наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават договорот што се однесува до распределба на ресори, рече министерот за економија Крешник Бектеши, говорејќи за преговорите меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши за влез на оваа партија во Владата.

-Нашиот став како ДУИ е дека се добредојдени во Владата сите политички партии кои ги споделуваат сите вредности во делот на интегрирање на нашата држава во ЕУ, за справување со здравствената и енергетската криза. Во моментов, многу е важно нашата држава да има стабилна влада, стабилно Собрание каде ќе се носат вакви важни одлуки, а во делот на отстапување на ресори веќе при крај се преговорите – рече Бектеши на Трилинг.

Заев и Гаши објавија дека постигнале начелна согласност за коалициска соработка и деновиве преговараат околу ресорите. Неофицијално, Алтернатива треба да го добие Министерството за информатичко општество и администрација, додека неизвесно е дали како втор ресор ќе го добијат здравство, или, пак, некој од труд и социјала, култура, земјоделство.

 

 
03.12.2021 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега