Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Додека ЕУ го поттикнува рударството, Македонија сè уште чека со Иловица

    Додека ЕУ го поттикнува рударството, Македонија сè уште чека со Иловица

    14.07.2026 во 12:033 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Ако немаме пристап до критичните суровини, ќе се соочиме со сериозен проблем“. Со ова предупредување претседателот на Euromines, Јан Мострјом, ја сумираше европската стратегија за обезбедување на минералите неопходни за зелената транзиција.

    Во исто време, Македонија располага со значајни резерви на бакар, но нивниот потенцијал останува неискористен. Проектот „Иловица“, кој инвеститорот го претставува како најголема гринфилд инвестиција во земјата, вредна околу 350 милиони евра, сè уште не е реализиран, иако бакарот е меѓу најбараните критични минерали во Европа.

    „Македонија има обврска да создава нови работни места, да отвора нови производствени капацитети и да ги користи сопствените природни ресурси на одговорен и законски начин. Во спротивно, ќе продолжиме да го гледаме истиот тренд – помалку работни места, помалку инвестиции, послаб економски раст и сè поголемо иселување на младите луѓе. Особено загрижува што во јавноста сè почесто најгласни се оние кои без соодветна стручност се претставуваат како експерти за сè – од рударство и геологија, преку економија, па сè до право и меѓународни судски постапки. Во едно демократско општество секој има право на мислење, но одлуките што ја одредуваат иднината на државата не смеат да се темелат на претпоставки, стравови или лични убедувања“, соопштија неодамна од иницијативата.

    Повеќе експерти повикаа Македонија да се приклучи кон европскиот пристап за ископ на критичните минерали. Според европските познавачи пак, рударската индустрија е клучна за зелената транзиција.

    „Европа не може да биде целосно независна во однос на металите и минералите, но е важно да имаме одржлив и отпорен синџир на снабдување, кој е во основата на зелената транзиција. Тоа е пред се поврзано со електроснабдувањето. Гледаме трговски војни и ограничувања за извоз на овие суровини, па затоа би кажал дека е исклучително важно да имаме одговорна рударска индустрија во Европа, како и отпорен синџир на снабдување, барем за дел од овие суровини“, вели претседателот на Euromines. Мострјом додава дека постојат голем број на опасности и „ако немате сопствено производство и ништо што да предложите во замена, тогаш сте целосно зависни од оние кои ви ги доставуваат тие материјали“.

    „Многу е опасно. Првото нешто што го гледаме во моментов како резултат на разговорите помеѓу САД и Кина е воведување на ограничувања за извоз на овие суровини, што има влијание врз производителите во Европа. Тоа е опасно и од гледна точка на зависноста, зашто би се обложил дека дел од земјите кои ги извезуваат овие суровини всушност не сакаат да ги извезуваат суровините, туку да извезуваат финални производи. На пример, Кина не сака да ги извезува ретките земни елементи, туку електрични возила. Тоа означува дека Кина ќе биде конкуренција на европската автомобилска индустрија. Затоа би оценил дека последиците можат да бидат огромни, како од финансиска и економска гледна точка, така и од гледна точка на одбраната. Голем дел од овие материјали се употребуваат во одбранбената индустрија. Ако Европа не располага со конкурентна одбранбена индустрија, ќе чекаме на увоз. Тоа исто така ќе биде сериозен проблем за сигурноста. Затоа, темата е исклучително важна“, вели Мострјом.

    Тој заклучи дека фокусот треба да се постави, не на намалување на еколошките услови кон рударската индустрија, туку кон поефикасни процедури за дозволи кои би привлекувале инвестиции за ископ, но и повеќе геолошки истражувања.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.