Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека Општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница. Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени.
- Родителите реагираат откако дете извадило нож во училиште во скопски Центар
- Земја на НАТО ги крена авионите, дрон забележан во близина на границата
- „Се плашиме“ – рече Вучиќ за состојбата на Дачиќ
- Мицкоски на средба со еврокомесарот Брунер: Заедничка заложба за посилна стабилност и европски вредности
- Кузеска: Театарот со Груби стана „Циркус Медрано“, недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна
- (ФОТО) Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај
- Петрушевски: СДС е во паника од исказите на Груби – дали кланот Заеви го притисна „паник тастерот“
- (ФОТО) Го наполнил автомобилот до плафон и се обидел да помине граница: Царината на Табановце заплени 4.800 пакувања со никотински кесички


