Дневен хороскоп: Среда 14-ти јуни, 2023 година

 

Овен

Зголемен приход, но и непланирани трошоци. Во љубовта ќе бидете страствени. Послушајте нутриционист.

Бик

 

Избегнувајте расправии со партнерот, особено ако е за нешто неважно. Поволен исход на некакви договори. Внимавајте од повреди.

Близнаци

Планетите ви се наклонети на љубовното поле, па ве очекува интересна средба со Лав или Водолија. Внимавајте на финансиите кои може да бидат неповолни. Проблеми со зглобовите.

Рак

Во љубовта ќе ви се појават стари симпатии. Можност за заработка со соработка со странци и странски компании, но добро прочитајте што потпишувате и што договорате. Внимавајте на исхраната.

Лав

Ќе имате некој предизвик на работното поле, но внимавајте на кого се доверувате. Некој може да ве излаже. На љубовното поле, не останувате незабележани. Повеќе одморајте.

Девица

Поради нагласени полиња на кариеара и странство, можен договор со странци и зголемување на заработувачката. Тајна романса е можна во љубовта, додека кога е во прашање здравјето, внимавајте на бубрезите.

Вага

На работното поле ќе имате можност да го почувствувате вкусот на јавноста или очекувањата на партнерот од работата. Во љубовта ве чекаат неколку интересни средби. Кожата ви е чувствителна.

Шкорпија

Професионална и финансиска сатисфакција ве очекува доколку се занимавате со адвокатура или сте познати во јавноста преку вашата работа. Во љубовта е можна тајна романса. Неврозни сте, смирете се.

Стрелец

Успех ве чека на работното поле, но внимавајте при потпишување на договори. Некоја личност од знакот Лав или од Близнаци ќе го привлече вашето внимание. Расеани сте.

Јарец

Сите недовршени работи ќе ги доведете до крај. Ве очекуваат пријатни моменти со партнерот. Несоница.

Водолија

Поволни околности, ако се занимавате со приватна работа. Поради нагласени љубовни и партнерски односи, многу често ќе бидете видени во друштво на личност од спротивниот пол. Потребен ви е одмор.

Риби

Контакти со странци и вложувања во нови проекти ве чекаат на работното поле. Некој кој ве познава од работа, не престанува да мисли на вас. Несоница ве мачи.

14.06.2023 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега