Дневен хороскоп: Еден знак да очекува парична добивка

ОВЕН

Најдобро би било денот да си го посветите на себе и на вашите потреби, во спротивно ќе бидете разочарани од луѓето околу вас. Ќе замижувате пред некои очигледни работи, но нема да ги заборавите. Очекувате некој да го исполни ветеното. Се чувствуваш добро.

БИК

Денеска ништо нема да ви ги наруши плановите, односно нема да дозволите тоа да се случи. Оние кои се во врска може да имаат одредени сомнежи за работите што ги научиле директно од партнерот. Не ви е важно да се истакнете денес, туку всушност да имате корист од она што го правите. Можни стомачни тегоби.

БЛИЗНАЦИ

Оние припадници на знакот кои имаат проблеми со килограмите во никој случај не треба да се откажат од диетата доколку веќе ја започнале. Посветете повеќе внимание на семејниот живот. Слободните утеха наоѓаат во некакво дружење. Деловната страна стагнира. Ставете го вашето здравје на прво место.

РАК

Чувствителни сте на се што се случува околу вас, без разлика што тоа не е директно поврзано со вас. Не го покажувајте вашето разочарување толку многу, особено на луѓето кои не заслужиле да го видат вашето тажно лице. Во периодот што следи фокусирајте се само на вашиот дел од работата. Зголемен притисок.

ЛАВ

Постои можност нешто што сте го направиле да ве гуши и свесни сте дека треба да зборувате за тоа, но стравот од исходот е посилен. Партнерот замижува пред некои очигледни работи, но нема да ве заборави. Работата ви е добра, но премногу ви пречат некои случајни работи. Проблеми со ‘рбетот, коските…

ДЕВИЦА

Каде и да се појавите, ќе привлечете некакво внимание. Погрижете се да е позитивно. Не влегувајте во расправии на јавни места. Оние кои се во врска или брак имаат проблем со туѓото мислење. Ќе ви биде тешко да прифатите дека не сте во право. Денеска е можна помала парична добивка. Стабилно здравје.

ВАГА

Некои работи не сте ги завршиле на време, па сега сето тоа е натрупано и „паѓа“ врз вас. Само полека креирајте распоред на приоритети. Не сте искрени прво со себе, а потоа со другите. Потребен ви е план за се да успее. Главоболка.

ШКОРПИЈА

Во минатото се случија некои работи кои сега може да се стават на дневен ред, на дискусија. Вашиот партнер ги премолчува работите само за мир на умот. Оние кои се невработени имаат можност да започнат нешто сосема ново. Можно гадење.

СТРЕЛЕЦ

Најчесто денес се ќе ви оди добро, единственото нешто што може да ви го наруши денот е некој кој е поврзан со вашето минато. Ништо ново на полето на љубовта. Сте се повлекле во себе, особено ако сте сингл. Прифатете ја работата што ви се нуди. Пазете се од повреди.

ЈАРЕЦ

Некои од припадниците на знакот може да се каат за своите минати постапки, но нема да направат ништо во врска со тоа. Вие сте нечесни кон партнерот и имате свои причини за тоа. Размислувате за некои работи кои би сакале да ги промените, но во моментов нема доволно пари за тоа. Нервозата влијае на варењето.

ВОДОЛИЈА

Најдете нешто што ќе го окупира вашиот ум денес и не се задржувајте на работите што сте можеле да ги промените во минатото. Некој не ви посветува доволно внимание, односно онолку колку што вие би сакале. На работа ќе можете да бидете премногу параноични и да ги гледате безопасните работи како закана за вас. Можни осцилации на притисокот, но главно добри.

РИБИ

Сè што се акумулира во вас, во вашата глава и во вашето срце, сега треба да го ставите на дневен ред. Премногу чекање, кружење и страдање предизвикува пукање. Финансиската состојба на некои припадници на знакот може да биде многу проблематична. Вознемирен стомак.

19.08.2022 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега