Според одлуката за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт во државата, во Македонија од полноќ Дизелот поскапе за 14,5, а бензинот за 5 денари. 

Според новиот ценовник, дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) се продава по цена од 85,50 денари за литар, додека цената на најкористениот моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 е утврдена на 79,50 денари за литар.

Цената на пооктанскиот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 денари за литар. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) се продава за 82,50 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС е утврдена на 42,586 денари за килограм.

Од друга страна пак, цените на нафтата на светските пазари денеска забележаа значителен пад, откако претходно достигнаа највисоки нивоа во последните години поради тензиите на Блискиот Исток. Според последните податоци, цената на нафтата од типот „брент“ падна на околу 92–95 долари за барел, откако претходно се искачи речиси до 120 долари.

Падот на цените доаѓа по сигналите дека конфликтот во регионот би можел да се деескалира, што ги намали стравувањата од нарушување на глобалното снабдување со енергенси. Само ден претходно, цените силно пораснаа поради стравувањата од прекин на транспортот на нафта низ Ормускиот теснец – една од најважните рути за светската трговија со нафта.

Exit mobile version