Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП

    Димитриеска-Кочоска: Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП

    04.07.2026 во 13:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дали средствата од Буџетот се правилно насочени или не се најдобро зборуваат податоците за растот на БДП и буџетскиот дефицит, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во денешната расправа по Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година во рамки на собраниската матична Комисија за финансирање и буџет.

    „Состојбата на јавниот долг во 2019 година беше 49%, во 2020 година 8% буџетски дефицит, а во исто време јавниот долг  од 49% се зголемува на 59,7%, од 49% на 59,7%. Во таа година во која што постојано се повторува дека сме имале корона криза, но во истовреме Државниот завод за ревизија излезе со податоци за колкав е износот на средства коишто се дадени за поддршка на стопанството и колку другите средства биле насочени и дека не дале ефект на економијата. Понатаму во 2020 година имаме пад на БДП од 4,7%. Во следната  2021 година раст на БДП од 4,5% на паднатиот БДП  од 4,7% во 2020. Кога другите економии имаа раст поголем од тоа што го изгубија во 2020 година, ние во 2021 година  не можевме да го стигнеме она што го изгубивме во 2020 година. Но во истовреме буџетскиот дефицит беше 5,3% и во истата година јавниот долг отиде на 60,3%. Можам да ги редам и натаму на пример во 2022 година дефицитот е 4,4% во минус растот е 2,8% во плус . И така ако продолжиме  статистичките податоци јасно кажуваат дека просечниот раст на БДП во годините од 2017 до 2024, при тоа треба да земеме предвид дека 2018 и 2019 се години без никаква криза, а од 2020 имаме криза. Така што 1,8% просечен раст во овој период наспроти денешниот раст од над 3% јасно кажува дали парите се правилно насочени или не се“, истакна министерката.

    Општата расправа по предложениот Ребаланс на Буџетот за 2026 година започна вчера во рамки на Комисијата за финансирање и буџет и може да трае најмногу до 10 дена.

    Ребалансот, како што истакна вчера министерката во експозето, претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните финансии со реалните потреби на економијата, институциите, стопанството и граѓаните. А особено во  услови кога светската економија се соочува со зголемена неизвесност, наша должност е навремено да реагираме, да ги препознаеме ризиците, но истовремено да ги искористиме можностите што се отвораат.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.