Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска од Вашингтон: Остануваме посветени на фискална консолидација и поддршка на економијата

    Димитриеска-Кочоска од Вашингтон: Остануваме посветени на фискална консолидација и поддршка на економијата

    17.04.2026 во 10:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата останува посветена на одржување на макроеконмската стабилност, стабилност во управувањето со јавните финансии, спроведување фискална консолидација и обезбедување забрзан и одржлив економски раст. При тоа будно го следи и развојот на состојбата под влијание на  влијание на неизвесностите на меѓународен план и презема мерки за справување со предизвиците. Ова беше истакнато на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со извршниот директор на ММФ Јерон Клик, заменик-извршниот директор Марникс ван Рај, директорот на Европскиот оддел во ММФ, Алфред Камер,  со шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинеишвили, како и со претставници од Одделот за фискални прашања при Меѓународниот монетарен фонд, во Вашингтон.

    „Клучна цел на фискалната политика останува подобрувањето на управувањето со јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи коишто ги поддржуваат дологорочните економски политики. Клучни елементи на кои ја засноваме фискалната политика се мерките за обезбедување среднорочна одржливост, дисциплина во управуањето со јавните финансии, транспарентност и отчетност во користењето на средствата, како и поддршка на економијата преку одржување на капиталните расходи на високо ниво (5% од БДП). Голем фокус е поставен на зајакнување на ефикасноста на приходната страна, особено борбата со сивата економија и дигитализација на процесите, а притоа задржување на ниските даночни стапки“, рече министерката за финансии.

    Таа потенцира дека особен приоритет на Владата и Министерството за финансии е спроведување на предвидената фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит, којшто од 2024 година оди во надолна линија од 4,4%, во 2025 беше реализиран буџетски дефицит од 4% од БДП и во 2026 согласно проекцијата е на ниво од 3,5% од БДП.

    Како што наведе министерката, Владата и Министерството за финансии ги преземаат сите мерки и го следат развојот на состојбите на меѓународно ниво со цел да се преземат мерки за справувување со предизвиците. Посочи на мерките што се преземени со цел поддршка на бизнис секторот и граѓаните, а како резултат на растот на цената на енергенсите и дека целта е да се одржи стабилноста на јавните финансии и да се поддржи економскиот раст. При тоа беше наведено дека мерките треба да бидат таргетирани.

    На средбата беше истакната поддршката што Меѓународниот монетарен фонд  ја дава на Министерството за финансии во спроведување на клучните реформи во управувањето со јавните финансии и зајакнување на капацитетите на администрацијата. Во рамки на престојот во Вашингтон, министерката ќе има средба и со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. 

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.