Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки

    Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки

    24.03.2026 во 13:384 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    И покрај обврските и предизвиците во Буџетот, Владата ги следи состојбите, презема внимателно мерки и одлучува навремено. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска којашто учествуваше на денешната конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“ во организација на Народната банка.

    „Притисокот што го имаме за сервисирање на обврските во наредните пет години се над осум милијарди евра и тоа е сериозен предизвик и сериозен притисок којшто го чувстува оваа Влада, затоа што ако се погледат податоците година за година ќе се види дека обврските за сервисирање се на историски највисоко ниво.  Дополнително,  за споредба ако во 2022 година каматните трошоци во Буџетот биле околу 1% од БДП, ние во 2026 година имаме каматни трошоци коишто се речиси 2% од БДП. Ова повеќе од јасно кажува колкав е притисокот и колкав е просторот во рамки на Буџетот за да се реагира, за Владата приоритет мора да бидат граѓаните и стопанството, затоа што ова е период во којшто сите држави реагираат и како резултат на тоа, норамлно е дека и ние треба да имаме одредени реакции“, истакна министерката.

    Таа потенцира дека како држава одлично се справуваме со состојбата и додава дека најважно е  Владата  да ги таргетира внимателно мерките и да одлучува навремено.
    „ Како држава одлично се справуваме со состојбите, ќе оцениме дали ќе има одредени нови мерки. Но, повторно ќе кажам најголемото загрижување за сите нас е колку ќе трае и какви последици ќе има врз производствените капацитет “, рече министерката.

    Таа оцени дека е многу лесно наеднаш да се донесе сет со мерки, но дека треба да се внимава дали со тоа можеби ќе се подгрее инфлацијата и секако дали има простор во буџетот. 

    „Многу е едноставно ако одлучиме денес да направиме буџетски дефицит од 8% како што имавме некогаш, но тоа некој во иднина треба да го плати. Сметам дека една одговорна влада треба да ги таргетира внимателно мерките и да одлучува навремено. Ова е момент кога и светските експерти зборуваат дека треба да се штеди. Треба да штедат и компаниите, домаќинствата треба да штедат сите. Затоа што никој не знае колку ќе трае. Затоа една реакција на Владата треба да биде внимателна,  како што рече и премиерот таргетирана и затоа неслучајно најпрвин тргнавме со ДДВ. Тука беа најповони условите. Понатаму како ќе налагаат потребите така ќе реагираме“, истакна Димитриеска-Кочоска, која што наведе дека буџетот се реализира на приходната страна согласно планот и дека во однос на претходната година приходите растат.

    Министерката посочи на тоа дека во оваа состојба секој еден треба да даде придонес, вклучително и компаниите, кои преку разни механизми во изминатиот период биле помогнати и дека сега е момент кога тие треба да реагираат.

    „Мислам дека во овој момент компаниите се на ниво на задача. Немаме некои позначајни реакции и влијание на цените. Јасно покажува дека сите заеднички помагаме да излеземе од ситуацијата при тоа да не ја подгреваме дополнително инфлацијата. Периодот што следи како држава ќе ги следиме состојбите, меѓутоа останува дека од една страна имаме ограничување во буџетот, ни претстојат сериозни обврски, имаме обврска за фисклна консолидација, стабилни јавни финансии ни се приоритет“,  потенцира министерката за финансии.

    Исто така, наведе дека од важно значење е и комуникацијата и координацијата со Народната банка,  при што посочи дека во изминатиот период таа е континуирана бидејќи станува збор за криза во која мора да постои комуникација и координација со НБ не само од аспект на инфлацијата, туку и од аспект на креирање на мерките.

    Министерката Димитриеска-Кочоска учествуваше во првиот панел на темата „Зајакнување на стабилноста во услови на висока неизвесност: лекции за макроекономските политики“, заедно со  гувернерот  Трајко Славески,  гувернерот на Хрватската национална банка Борис Вујчиќ, гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаили, заменик-директорот на Одделот за фискални прашања при ММФ Ера Дабла Норис, како и професорот за финансиска стабилност и директор на Школата за банкарство и финансии во Фиренца Торстен Бек.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.