Во 2026 година, заклучно со 22 септември, во земјава се регистрирани 70 случаи на западнонилска треска, од кои 65 се потврдени, а пет се водат како веројатни, покажува најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје.
Најголем број случаи се регистрирани во Скопје – 63, додека три се од Велес, а по еден случај има во Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Тетово.
Од заболените, 52 се мажи, а 18 жени. Најзастапена е возрасната група над 60 години, со 57 случаи.
Досега починале девет хоспитализирани потврдени случаи, сите мажи, при што кај осум од нив биле регистрирани коморбидитети.
Во периодот од 16 до 22 септември се пријавени пет нови случаи – три во Скопје и по еден во Велес и Тетово.


