Бизнисменот Стојан Чифлигароски, осомничен во случајот „Синџир“, е лишен од слобода на граничниот премин „Свети Наум“, објавува „Слободен печат“.

Од МВР за „Слободен печат“ потврдуваат дека Чифлигароски бил приведен на 22 септември, при влез во земјава, по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„С.Ч. е лице под истрага и е опфатено со кривична постапка за дела – злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари и други приноси од казниво дело“, соопшти МВР.

Чифлигароски е бизнисмен од Битола и сопственик на компанијата „СВ Инвест“, која во изминатиот период добиваше милионски тендери од РЕК Битола. Компанијата подоцна замина во стечај.

Exit mobile version