Осумгодишно момче е во тешка здравствена состојба откако за малку ќе се удавело на плажата Маратијас, во областа Илија во Грција.
Според првичните информации, детето под сè уште неразјаснети околности проголтало голема количина морска вода, по што нагло му се влошила состојбата. На местото била повикана Итната медицинска помош, која го пренела во болница.
Локалните медиуми објавуваат дека момчето во еден момент било без пулс и во критична состојба. Лекарите веднаш почнале со реанимација, по што успеале да му ги вратат пулсот и крвниот притисок.
Лекарот Вангелис Димитропулос објавил дека детето почнало да реагира и да ги отвора и затвора очите, што било прв знак на подобрување по драматичната реанимација.
Момчето е ставено на респиратор и останува под постојан лекарски надзор. Иако е успешно реанимирано, лекарите оценуваат дека следните часови ќе бидат клучни за неговата состојба.


